САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша указ за воведување царини за стоките увезени од Канада, Мексико и Кина.
Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на американските стоки во вредност од 155 милијарди канадски долари (106,5 милијарди американски долари) како одговор на американските царини.
На долгорочен план, ние сме ограбувани од речиси секоја земја во светот, оцени Трамп. мериканскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека новите царини на увозот од Канада, Мексико и Кина можат да предизвикаат краткорочни економски потешкотии за американските граѓани, но оцени дека мерките се неопходни за справување со илегалната имиграција и трговијата со дрога.