„Наше е да нудиме решенија, но наше и да ставиме една јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања македонските граѓани и нашата Влада не се подготвени да преговараат и разговараат.
По однос на редефинирање на нашиот идентитет, по однос на прашања од историската природа кои можеме со апсолутна сигурност да ги констатираме, по однос на прашања со другите идентитетски атрибути на македонскиот народ, за такви прашања не сме подготвени да разговараме, но, да, сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности и секаде онаму каде што има волја, може да се најде соодветен пат“, изјави Муцунски на прес-конференција во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Racin
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска изјави дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности, но наше и да ставиме јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања поврзани со идентитетските атрибути. Sitel