Се разбира ние сме толку блиску што би можеле и да разговараме и во близина некаде, но предлогот дојде од господинот Антонио и тој сега кога бев јас во Ница ме информира дека нема да дојде господинот Радев на Самитот на НАТО, туку ќе дојде Жељазков, рече Сиљановска Давкова на новинарско прашање пред присуството на Меѓународната книжевна манифестација „Празник на липите“.Прашана дали е потврдена евентуалната средба со Жељазков, Сиљановска Давкова посочи дека средбата е предложена од претседателот на Европскиот совет и оттаму треба да дојде потврдата.-Не сме предложиле на господинот Жељазков за да биде потврдено туку тоа, ако е предложено од европска страна, односно од претседателот на Европскиот совет, оттаму треба да дојде.