Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 3 од Кривичниот законик. Mk
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот началник на Одделот за воздухопловни единици, Н.А. од Куманово поради злоупотреба на службената положба и овластување. Libertas