Ноќеска, полициски службеници од СВР-Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионалниот пат Тетово-Желино, каде поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38 годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и Бразил.
Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово - Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.