Мобилен тим спречи обиди за криумчарење на 1.100 таблети (REQUIP XL од 2mg, NEXIUM од 40mg, GALVUS Met од 50 mg, JARDIANCE од 25 mg), 149 парчиња инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml, како и 10 креми BACODERM од 15 mg и четири инјекции DEPOSELIN од 2.400.000 IU. Истите се пронајдени замотани во завесите, како и во вентилацијата на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Турција – Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Kanal5