Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево соопшти дека по објавувањето на вчерашното интервју во емисијата 360, во кое учествуваше претседателот на Собранието Африм Гаши, на официјалната електронска адреса на Претседателот е добиен е-мејл со заканувачка содржина.
Претседателот на Собранието Африм Гаши на службениот мејл добил електронска порака со заканувачка содржина, потврдија од неговиот Кабинет.
За најавите за промена на државниот грб, претседателот на Собранието Африм Гаши вечерва изјави дека не гледа дека има некоја инцијатива и кога би дошла, би ја разгледале во таа насока, како што е по Деловник, по Закон и по Устав.