1 (84) ■ вести > свет ■ 14-Sep 08:53 -> 16-Sep 21:08
.
.
.
.

Бајден: На ​​американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила

  • Трамп: Не ни треба воен конфликт со Русија

  • Орбан: Јасно е дека животот на Трамп е во опасност, до неговата победа

  • Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

Американскиот претседател Џо Бајден еден ден по новиот обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека на американската тајна служба, полициската служба задолжена за заштита на американските претседатели и поранешните претседатели, „и треба поголема помош“.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за шеф на државата Доналд Трамп изјави дека на САД не им треба воен конфликт со Русија и оти секој глас за неговата противкандидатка Камала Харис е глас за војна со Москва.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е јасно дека животот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е во опасност додека не победи на изборите.

Доналд Трамп синоќа излезе со соопштение во кое изјави дека „никогаш нема да се предаде“.

2 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Sep 20:32 -> 16-Sep 21:16
.
.
.
.

▷ Муцунски очекува извинување од Бугарија

  • Министерот Муцунски очекува извинување од Бугарија и не би сакал да се разочара од соседот

Свесни бевме за тоа што се случи, јасно увидовме дека постои дискрепанца меѓу договорениот проткол и тоа што се случи во пракса, но одлучивме, поради специфичноста на моментот, таму да реагираме на таков начин како што се реагираше.

Свесни бевме за тоа што се случи, јасно увидовме дека постои дискрепанца меѓу договорениот проткол и тоа што се случи во пракса, но одлучивме, поради специфичноста на моментот, таму да реагираме на таков начин како што се реагираше – вели министерот за надворшени работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, на прашање дали воопшто ќе имаше државна реакција за отсуството на македонското знаме при средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, ако не беа критиките во македонската јавност.

3 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Sep 08:51 -> 16-Sep 19:49
.
.
.
.

Нова компресорска станица, еден директор на Клинички центар, вработувања на договорците – ветувања на министерот Таравари

  • Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови

  • Таравари: Арсовска е промашена инвестиција

  • На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови, најави Таравари

Клиничкиот центар ќе добие нова компресорска станица за хируршките сали после нова година.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар, како и дека неколку болници ќе се спојат со здравствени домови.

Арсовска е промашена инвестиција, градоначалниците ги бира народот, народот може и да ги разреши.

Се надевам дека на почетокот на идната година ќе има уште едно проширување на позитивната листа, можеби не со девет лекови, но со неколку сигурно ќе имаме, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

4 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Sep 16:55 -> 16-Sep 20:53
.
.
.
.

▷ Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота

  • Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота.

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота.

5 (10) ■ вести > свет > регион ■ 16-Sep 15:02 -> 16-Sep 20:56
.
.
.
.

Градоначалникот на Белград ќе го преместува гробот на Тито

  • Дачиќ: Социјалистите нема да поддржат преместување на гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска повтори дека смета оти гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето треба да се премести на друга локација, но и гробовите на Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ треба да се изместат од Калемегдан.

Социјалистичката партија на Србија (СПС) сигурно нема да го поддржат иселувањето на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето, изјави лидерот на СПС Ивица Дачиќ за Данас, реагирајќи на изјавата на Александар Шапиќ, градоначалникот на Белград, дека изместувањето на Јосип Броз од Музејот на Југославија е крајно важно за српскиот народ, како и отстранување на посмртните останки на четворица народни херои од Калемегданската тврдина, јави дописникот на МИА од Белград.

8 (6) ■ вести > македонија ■ 16-Sep 17:58 -> 16-Sep 20:35
.
.
.
.

Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат

  • ▷ Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер

Договорот од Преспа е меѓународен договор има задолжителен карактер, ги обврзува страните и создава обврски што треба во потполност да се почитуваат, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по средбата со неговиот француски колега Стефан Сежурне, јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот од Преспа е меѓународен договор има задолжителен карактер, ги обврзува страните и создава обврски што треба во потполност да се почитуваат, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по средбата со неговиот француски колега Стефан Сежурне, јави дописничката на МИА од Атина.

10 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Sep 07:51 -> 16-Sep 21:28
.
.
.
.

Радев со прв коментар по средбата со Сиљановска-Давкова: Посетата не беше ниту државна, ниту работна

  • Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет во Софија

  • МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор за фотографијата на Радев и Сиљановска Давкова

  • Советник на Радев: Ако државник од соседна земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, треба ли да му го истакнеме знамето?

Бугарскиот претседател Румен Радев во прв коментар по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која предизвика реакции поради изоставувањето на македонското знаме на нивната заедичка фотографија во петокот во Софија, нагласува дека нејзината посета не била ниту официјална, ниту работна.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Софија присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

Министерството за надворешни работи и надврешна трговија утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.

Посетата на претседателот на Република Северна Македонија на нашата земја беше по повод културен настан – не беше ниту државен, ниту работен.

11 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Sep 10:33 -> 16-Sep 15:30
.
.
.
.

Мицкоски: Денеска ќе му врачиме демарш на бугарскиот амбасадор

  • Мицкоски: Протестна нота денеска ќе му биде врачена на бугарскиот амбасадор

  • Мицкоски: Европа и светот видоа која е вистинската намера на Софија

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира случајот со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која при нејзината посетата на Софија беше повикана од бугарскиот претседател Румен Радев да се фотографираат пред бугарски знамиња, без да биде поставено македонското знаме, рече дека денеска ќе му биде врачен демарш на амбасадорот на нашиот источен сосед.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

18 (4) ■ магазин ■ 16-Sep 15:39 -> 16-Sep 21:15
.
.
.
.

Трибјут бендот „Бело копче“ сними спот за песната „Сувенир из Сарајева“

  • „Бело Копче“ ви носат на подарок сопствен… „Сувенир из Сарајева”

Еден од најголемите рокенрол бендови во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“, во 2022 година добија своја македонска верзија, откако група наши музичари го започнаа проектот: „Бело копче – трибјут Бијело дугме“!

Најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“, во 2022 година доби своја македонска верзија, откако група наши музичари го започнаа проектот: „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“! Освежувајќи ни ги емоциите токму како своевиден Tribute бенд, чии членови буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на Дугме.