Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 09:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (48) од село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола и излетал од патот. Skopjeinfo