На 09.11.2024 во 23.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Telma
Синоќа на граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влезот во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
„При претресот во кој е употребено и службено куче од мобилен тим од Царинската управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени 2 килограма кокаин. Plusinfo