Трамп изјави дека Маск и Рамасвами ќе бидат надворешни соработници, кои ќе и даваат совети и насоки на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да поттикнат, како што вели, структурни реформи од големи размери кои треба да создадат претприемачки пристап на владата кој никогаш претходно не бил виден И покрај тоа што се нарекува министерство, не станува збор за владина агенција, пишува британски „Гардијан“.
Американскиот милијардер Илон Маск најверојатно нема да биде во идната администрација на Доналд Трамп, а во исто време расте неговото влијание врз новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, објави денеска Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе извори.