Првиот човек на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој е суспендиран од функцијата смета дека врз него се врши притисок.
Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата, денеска на прес-конференција пред Обвинителството, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.
Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата.