Утрово најниска температура од -1 степен е измерена на Попова Шапка, а највисока од 10 степени целзиусови во Битола.
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m2). Преку денот ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (наместа над 70 km/h), а врнежите од дожд ќе преминат во снег и на некои пониски места.