Откако денеска обвинетиот Влатко Кешишов, на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истакна дека имал контакт со обвинетиот Љупчо Палевски во возилото со кое биле транспортирани од затворот „Скопје“ до Кривичниот суд, односно, Палчо му дал писмо и му рекол да го препише и потпише, а со кое ќе го амнестира од вина, се отвори прашањето дали двајца обвинети смеат да се транспортираат со исто возило?
Адвокатот на Влатко Кешишов, Игор Ефремов, по денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара обвинителството да утврди како Љупчо Палевски Палчо успеал да му даде писмо на неговиот клиент, кое потоа го натерал да го препише и потпише.
На судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски.
Велибор Манев ги однел полицајците до местото каде што бил закопан велешанецот Панче Жежовски, сведочи полицаец од интервентната полиција кој го спровел Манев од полициската станица Кисела Вода до местото каде што било закопано телото.