СВР Тетово поднесе кривична пријава против седуммина вработени во Центарот за социјални работи во Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и фалсификување документи, со што овозможиле незаконска исплата од 289.495 денари, соопшти полицијата.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(42) од с.Пршовце, тетовско, вработен во Центарот за социјални работи Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против А.Х.(45), Б.И.(45), Т.С.(62), Д.О.(59), сите од Тетово и Б.А.(46) од с.Боговиње, тетовско, сите вработени во Центарот за социјални работи Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење на служба“ и против уште едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“.