Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките показатели, и натаму најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволената – 135, како и на непрописното паркирање – 212, а пак, зад нив следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 68; потоа некористење на сигурносен појас – 60; како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 48. Она што е впечатливо за сообраќајните контроли вчера, е фактот дека по однос на прекршоците поврзани со неправилното престигнување беше забележан најголем скок од дури 106 евидентирани такви прекршоци, што е најголем статистички параметар за овој вид прекршоци од почетокот на годинава до сега. Skopjeinfo