Првопријавениот А.Ј.. – полициски службеник во СВР Куманово, наместо да поднесе кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело „фалсификување на исправа“ поради извршена промена на идентификационен број на шасија на патничко возило „бмв“, кое било одземено од полициски службеници на граничен премин Табановце, на 25.12.2024 изготвил потврда за вратени предмети и на лицето од Скопје му го вратил одземеното возило, сообраќајната дозвола и клучот од возилото.
МВР соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Ј. и Д.Ј., двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „спречување на докажување“.