Судот во Париз ја прогласи Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на средствата на Европскиот парламент и ја осуди на четири години затвор, а пет години и е забрането да учествува на избори.
Лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, е прогласена за виновна за проневера на пари од европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија, пренесува Би-би-си. Судијата се уште не кажа колкава ќе биде казната.
Забрана за кандидирање за јавна функција во наредните пет години, затворска казна во траење од четири години од кои две се условни и парична во висина од 100.000 евра.
Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, е осудена на четиригодишна затворска казна, од кои 2 години условно, и доби 5 забрана за вршење јавна функција, поради злоупотреба на европски средства, . При изрекувањето на пресудата, судот наведе дека делата што ги сторила 56-годишната Ле Пен заслужуваат итна забрана за вршење јавна функција.