Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.К.(36) од Гостивар.
Полицијата постапила по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата поранешна сопруга, нејзината мајка и нејзиниот партнер, а потоа со употреба на сила се обидел да ја земе неговата малолетна ќерка, за која старателството било дадено на поранешната сопруга, информираат од СВР Тетово. Press24