Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши, но само доколку има казнивост за корумпираните затворски полицајци, кои според негови проценки, во некои затвори се и над 50 проценти.
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов денеска вели дека затворите се најкорумпирани од сите институции на системот во Македонија.
Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот, и сите документи денеска ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство, информираше директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов.