Од СВР Велес информираа дека вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14:30 часот, на улица Маршал Тито“ во село Марена, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(43) од Кавадарци и патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.С. (29) од село Ваташа, кавадаречко.