Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ. – Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари, соопштија денеска со Управата за финансиска полиција.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против едно лице за кое постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување.