Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 02.00 часот го лишиле од слобода Х.Б.(32) од кичевското село Подвис.
При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека Х.Б. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.