Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар.
Алајдин Сулејмани, син на Назми Сулејмани Аруша, поранешен командант на ОНА, е загинатиот во престрелката што се случи вчера попладне зад полициската станица Бит-пазар среде бел ден.
Едно лице е повредено при вооружена престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР потврдија дека денеска околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Војдан Чернодрински на подрачјето на Бит-пазар имало пукање од огнено оружје.