1 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Apr 16:44 -> 22-Apr 18:42
.
.
.
.

Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски, осомничен за перење пари

  • Газдата на „Пуцко Петрол“ останува во притвор и покрај гаранцијата од 2 милиони евра

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.

8 (9) ■ вести > македонија ■ 21-Apr 15:50 -> 22-Apr 18:33
.
.
.
.

ОБВИНИТЕЛСТВО ПОСТАВИ УСЛОВИ ЗА ПУШТАЊЕ НА ЈАХОСКИ Покрај недвижностите се бара кеш и одземање на пасошот

  • 2 милиони евра кауција за да излезе од притвор нуди Асмир Јахоски газдата на „Пуцко петрол“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи на можноста за укинување на притворот за Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко Петрол“, но под услов – да плати милионски износ и да му бидат одредени строги мерки на претпазливост.

Газдата на компанијата ,,Пуцко Петрол” Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра кауција за да излезе од притвор, тврдат извори во правосудниот систем упатени во случајот објавува порталот . Според изворите на порталот во четвртокот одбраната на Јахоски кој е син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски понудила објекти со вредност од 2 милиони евра во обид судот да дозволи Асмир во предметот вреден над 160 милиони евра да се брани од слобода.

9 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Apr 12:55 -> 22-Apr 14:56
.
.
.
.

Мемов: ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници

  • ЗНАМ сака самостојни советнички листи, за градоначалници да се договара со ВМРО-ДПМНЕ

Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и нормално е дека ние во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме разговорите со нашиот владин партнер ВМРО – ДПМНЕ.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија размислува да настапи со самостојни советнички листи на претстојните локални избори, а во делот за избор на градоначалници на општините размислува за соработка и взаемна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. ва денеска го соопшти портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, најавувајќи ги активностите на партиско ниво пред претстојните локални избори.

10 (4) ■ вести > македонија > хроника ■ 22-Apr 16:23 -> 22-Apr 17:07
.
.
.

▷ Гори градската депонија во Демир Хисар

  • ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина.

Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина.

12 (6) ■ вести > македонија ■ 22-Apr 14:43 -> 22-Apr 17:00
.
.
.
.

Синдикатот за култура бара почитување на колективните договори и на законите

  • Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата

Министерството за култура и туризам не го исполни ветувањето дадено за време на Велигденските празници, за исплата на мартовски плати на вработените во институциите од културата, согласно Колективниот договор за култура и порастот на минималецот, со што примањата треба да им се зголемат за 8,5%. Затоа Советот на Синдикатот за култура (СКРМ), во проширен состав, денеска протестираше пред ресорното министерство, со скандирања „Плата сега“, транспаренти, свирежи од свирчиња и пуштање класична и жестока хард рок музика.

Културните работници кои се уште немаат земено плата за март денеска излегоа на протест пред министерството за култура.

13 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Apr 12:09 -> 22-Apr 16:44
.
.
.
.

Влада: По 1. мај средба Мицкоски – Таравари

  • „Влен“ неделава треба да се трансформира во партија

  • Следните денови се очекува средба Мицкоски-Таравари за иднината на АА во владата

  • Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ

„По 1. мај Мицкоски и Таравари ќе седнат на заедничка средба од која веројатно ќе зависи и столчето на Таравари во владиниот кабинет“, потврдија од владината прес служба без повеќе детали.

Неделава се очекува да почне трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија откако Алијанса за Албанците на Арбен Таравари одлучи да оди на претстојните локални избори со сопствени листи за советници.

Коалицијата ВРЕДИ и официјално станува партија.

Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Влен, Коалицијата не се распаѓа туку е уште посилна и појака, бидејќи 107.000 гласови освоени на последните парламентарни избори, вели, беа гласови за промена и надеж и ние остануваме на тој пат.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

23 (5) ■ бизнис > свет ■ 22-Apr 09:19 -> 22-Apr 15:23
.
.
.
.

АМЕРИКА ПРИТИСКА СО ЦАРИНА ОД 3,521% Кина и Азија обвинети за евтин соларен дампинг

  • Американските царини за соларни панели од Југоисточна Азија достигнаа 3521%

Американското Министерство за трговија најави воведување царини до 3,521% за увоз на соларни панели од четири земји од Југоисточна Азија – Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам.

САД воведоа нови царини за увоз на соларни панели од четири земји од Југоисточна Азија, кои достигнуваат и до 3521 отсто, со што им донесе голема победа на домашните производители, но и го отежнува развојот на обновливите извори на енергија во земјава, пишува . Царините, објавени вчера, се резултат на едногодишна истрага за трговските практики, која покажа дека производителите на соларни панели во Камбоџа, Виетнам, Малезија и Тајланд „неправедно профитираат од владините субвенции и ги продаваат своите производи во САД по цени под трошоците за производство“.

48 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Apr 11:10 -> 22-Apr 16:08
.
.
.
.

ТАВ Македонија го доби сертификатот Great Place To Work®

  • ТАВ Македонија го доби сертификатот „Одлично место за работа“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот Great Place To Work® (“Одлично место за работа”), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.

Сертификатот Great Place To Work® („Одлично место за работа“) е уште едно признание за ТАВ Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси, по наградата „Најпосакуван работодавач” која ја доби во април 2024 ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.