Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р. (40) од селото Мала Речица, поради брзо возење.
Вчера во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с. Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час.
Вчера во 16:10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полицијата го уапсила 49-годишниот Н.Л поради брзо возење.