Со низа настани вчера беше свечено одбележана 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Измина 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, 153-годишнината откако во 1872 година во Кукуш на векот и на светот дојде Ѓорѓи Делчев, синот на Никола и Султана Делчеви, четвртото нивно дете, чија величествена пројава на еден бунтовен дух во целина го одрази бунтовниот дух и на народот македонски, од кого и изникна.