Во тек е постапка за поставување на 200 камери на штипските улици и булевари, како и на игралиштата и околу градинките и училиштата најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Nezavisen
Штипјани изминатите години се сведоци на вандализам, односно на искршени клупи, детски реквизити, урбана опрема во парковите, игралиштата и на пешачката патека покрај река Брегалница.
Со поставувањето на камери и на видео надзор на јавни површини конечно ќе се санкционира се она коешто, како појава ни се случува со години наназад. Netpress
Граѓаните ги уништуваат и поставените заштитни столпчиња по тротоарите, кои се поставени со цел да не се паркираат возила, како и автобуските постојки.
Директорот на ЈП „Стипион“,Панче Стефановски, спас гледа во поставувањето на камери и видео надзор. Netpress