Novamakedonija
Јас чувствувам длабока огорченост, длабока одговорност за сѐ што се случувало сите изминати децении, како и од тоа што го видов досега и што нѐ довело до вака тешка ситуација на државата, државата во која сме сите, и ова чувство е сега дотолку по длабоко, што ова се случи токму сега после нецели девет месеци од како беше избрана оваа Влада којашто ја предводам јас – изјави Мицкоски.
Во нашата држава, рече тој, се случувале негирања и проблеми со државноста, суштествени проблеми за опстанокот на нацијата и државата, имавме и воена криза, вооружен конфликт, се случил пад на авион, потонување на брод, пад на хеликоптер, масакр на невини луѓе, деца кај Смилковско, се случувал тероризам како Диво Насеље, имало обиди за дестабилизација имало свесни подметнувања и сценарија, имало и големи и помали несреќи. Novamakedonija