Ова осигурува дека секој придонес оди токму онаму каде што е најпотребно.
Спречување на злоупотреба и конфузија. Press24
Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека нема да коментира изјави на лица кои изгубиле некој близок во трагедијата во Кочани откако сопругата на пејачот на групата „ДНК“ кој загина во несреќата во објава на социјалните медиуми замоли надлежните органи да извршат детален увид за целиот настан додавајќи дека приотехниката не била донесена од страна на бендот. A1on
Во вакви моменти семејствата не треба да се грижат за логистиката или финансиските оптоварувања кога им се најпотребни на своите најблиски.
Затоа, Владата ќе ја преземе одговорноста за покривање на трошоците за транспорт и сместување, обезбедувајќи им на семејствата да бидат покрај своите најблиски“, рече Митева на прес-конференцијата во Владата. Fokus
На жртвите и нивните семејства им е потребна бескомпромисна правда за која неуморно работиме, но и нашата колективна сила.
Покрај напорите за хуманитарна помош, сакам да ве информирам дека на утрешната владина седница ќе официјализираме и одлука за организирање и обезбедување на сместување на семејствата на повредените, кои во моментов се хоспитализирани во други земји. Plusinfo