Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека по пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, тимовите на МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Државниот пазарен инспекторат денеска постапуваат на повеќе локации, а во рамки на контролата не се опфатени само објекти со формална лиценца, туку во наредните денови предмет на темелна контрола ќе бидат и објекти кои што се користат како дискотеки, кабареа и клубови.
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.
Нема да застанеме со процесни дејствија, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на постапување на институциите кои требало да реагираат во однос на објектот и потребните услови за негово функционирање, поради што во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции, во текот на денот ќе биде информирана јавноста, соопшти на денешната прес-конференција во МВР министерот Панче Тошковски.