До овој момент, во статус на осомничени се 28 лица, од кои три се во болница, 18 се притворени во предистражна постапка, а против седум полициски службеници се води истрага и тие се исто така во притвор.
Доказите се собираат во изјави и во материјален облик, но и во форма на експертизи и стручни мислења од одредени области. Skopjeinfo
Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Коцевски, ова го посочи, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција на која објави дека за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица. Sitel
ОЈО Кочани, претходно денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основи на сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност.
Сите се обезбедени и ОЈО Кочани бара притвор, со исклучок на три лица кои се хоспитализирани. Sitel
Во текот на критичната вечер, не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот на посетителите во објектот и не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот и поради кои настанала несреќата во објектот – изјави Коцевски.
Сите осомничени се обезбедени. Novamakedonija
Во досегашниот тек на истрагата за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани опфатени се вкупно 34 физички лица и три правни субјекти и сите се обезбедени од страна на полицијата, информираше денеска државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Plusinfo