„Како Влада будно ја следиме состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во определени моменти мораме како Влада да апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата.
Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени 82 контроли констатирано било дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови.
Сите трошоци за лекување на повредените во трагедијата ќе бидат покриени од државата, обзнани портпаролот на Владата Марија Митева на прес-конференција во петокот.
Досега 119 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани се транспортирани и сместени во странство, во градовите каде што се хоспитализирани нивните најблиски.