Идентификацијата првично се спроведувала во болниците каде што биле жртвите, но само со помош на препознавање и лични документи, а потоа биле применети и ДНК анализа и дактилоскопија при што, за да нема никаква грешка, проверка се правела по неколку пати.
Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи. Novamakedonija
Причините за смртта кај сите 59 настрадани е настаната поради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот во дискотеката „Пулс“, соопшти денеска на прес конференција проф. д-р Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина.
Кај дел од нив се пронајдени изгореници, од прв и од втор степен. Plusinfo
Како што истакнаа на прес-конференција, за ова биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и патолози.
Вклучени биле и тимови од МВР. A1on
Шест тимови од судска медицина заедно со МВР, патолози и помош од судска медицина во Тетово целиот процес бил високо професионален.
За помош се понудиле колегите од Грција, Србија и Бугарија. Kanal5