1 (43) ■ вести > македонија ■ 27-Mar 13:57 -> 28-Mar 19:23
.
.
.
.

Рудникот „Тораница“ казнет со 200.000 евра за загадување на Крива Река

  • МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

  • Oпштина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

  • Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност

По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.

БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.

Општина Крива Паланка за утре свика вонредна прес-конференција за медиумите на која ќе признае дека истекол цијанид во Крива Река од рудникот „Тораница-булмак“.

Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

2 (30) ■ вести > македонија > хроника ■ 26-Mar 18:14 -> 28-Mar 20:59
.
.
.
.

Останува решението за определување куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелациониот суд Штип ги отфрли како недозволени жалбите

  • Апелација утре ќе одлучува за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани

  • АПЕЛАЦИЈА ИМ ГО УКИНА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА БИВШИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КОЧАНИ Димитровски и Илијев повторно во ефективен притвор

  • Екс градоначалниците Димитровски и Илијев остануваат во куќен притвор

Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.

Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство за мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев.

Апелациониот суд во Штип соопшти дека ја отфрла мерката куќен притвор за поранешните градоначалници на Кочани Ратко Димитровски и Николчо Илијев.

Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.

3 (37) ■ вести > свет ■ 28-Mar 09:34 -> 28-Mar 20:36
.
.
.
.

Најмалку 20 загинати и 300 повредени во земјотресот во Мјанмар, а 3 лица се загинати во Тајланд

  • Би-Би-Си: Зошто е тешко да се добијат информации од Мјанмар

  • Најмалку еден загинат, еден исчезнат и 50 повредени во уривање на зграда во Бангкок по земјотресот

  • Силен земјотрес ја стресе Југоисточна Азија, најмногу погодени Мјанмар и Тајланд (Галерија, Видео)

Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.

Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до информации, јави Би-Би-Си. Државата ги контролира речиси сите локални радио, телевизија, печатени и онлајн медиуми.

Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Силен земјотрес ја потресе Југоисточна Азија во петокот, при што загинаа неколку луѓе, урна облакодер во изградба во Бангкок и срамни со земја згради во соседен Мјанмар, каде што владејачката хунта прогласи вонредна состојба во некои области.

4 (48) ■ вести > македонија ■ 26-Mar 14:02 -> 28-Mar 18:56
.
.
.
.

ССМ на 2 април излегува на протест

  • Одлуката за минималната плата, според Владата е легитимна, ССМ во петок ќе одлучува за следните чекори

  • Вработените во ЦСР заплашувани со бркање од работа ако ѝ дадат поддршка на застреланата колешка, вели Деаноски

  • Деаноски: Одлуката за минималната плата првпат е донесена без работниците

Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје.

Откако во вторникот на владина седница помина информацијата за утврдување на минималната плата согласно која минималната плата треба да биде зголемена за 1.800 денари, вчера Сојузот на синдикати на Македонија реагираше што ваквата одлука е донесена без договор со работниците.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, вели дека вработените во центрите за социјални работи, посебно оние од скопскиот регион, се изложени на притисоци и закани со отпуштања или прераспределувања ако излезат јавно да ѝ дадат поддршка на социјалната работничка од Прилеп, која пред неколку дена со огнено оружје беше нападната од корисник на социјални услуги и здоби две прострелни рани.

Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците, рече денеска претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

5 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Mar 21:00 -> 28-Mar 19:50
.
.
.
.

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

  • Дел од партиите се произнесоа за повикот на Филипче за одржување лидерска средба

  • Филипче: На лидерска средба ќе предложам конкретен план, да го направиме тоа што треба за државата и за семејствата од Кочани

  • Влада: Нема официјално барање од СДСМ за лидерска средба, отворени сме за секаков предлог и иницијатива за помош

По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.

На повикот на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, за одржување средба на лидерите на најголемите партии во Собранието, денеска се произнесоа владејачката коалиција „Вреди“, Движењето ЗНАМ, кое исто така е дел од владината коалиција, опозициската Левица, а реакција во врска со повикот имаше и ДУИ.

Во Кочани се случи една страшна трагедија која што целата нација ја стави во состојба на шок и сите ние треба да извлечеме поука како треба да делуваме понатаму за да се спречат вакви трагедии, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој во вечерва се вклучи во солидарната акција- Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани”.

По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.

6 (37) ■ вести > свет ■ 26-Mar 08:33 -> 28-Mar 22:08
.
.
.
.

Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик

  • Путин најави зајакнато воено присуство на Русија на Арктикот

  • Данска го поздрави планот на САД за минимизирање на посетата на Гренлад само на американската воена база

  • Парламентарните партии се договорија: Гренланд денеска добива нова влада

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска слета на Гренланд и се сретна со американските војници во воената база Питуфик на северозападниот дел на островот.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ќе го зајакне военото присуство на Русија на Арктикот, предупредувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е „сериозен“ во намерата да го преземе Гренланд.

Данска ја поздрави одлуката на администрацијата на Трамп да ја намали несаканата посета на Гренланд како знак дека САД се „деескалираат“ откако планираното патување предизвика дипломатски спор со арктичкиот остров и Данска.

Пратениците на Гренланд вчера се согласија за формирање на нова влада, здружувајќи се во отпорот кон напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот.

8 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 28-Mar 07:48 -> 28-Mar 23:00
.
.
.
.

Рокас: Реформската агенда не е лек за сите болести туку заеднички напор за трансформирање на општеството на патот кон ЕУ

  • Муртезани и Рокас: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива

  • Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува

Пораката на Планот за раст е мошне јасна – тоа е сеопфатна понуда од Европската Унија за Западен Балкан за да се поттикнат социоекономските услови кои што отвораат нова страница во нашите односи.

Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата.

Правосудството и јавната администрација се ресорите каде што Македонија најмногу доцни со реформите, оценија денеска евроабасадорот Рокас и министерот за евроинтеграција Муртезани.

9 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Mar 08:13 -> 28-Mar 13:36
.
.
.
.

ДУИ бара Комисии за да ја сокрие вистината, а не за да ја открие!

  • „Вреди“ бара анкетна комисија за сите изминати трагедии: ДУИ нема да одлучува кои жртви заслужуваат правда, а кои треба да се заборават

  • ДУИ: Мицкоски целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството

ДУИ, по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем, денес се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани, реагираат од коалицијата ВЛЕН.

Демократската унија за интеграција се обидува да глуми жртва барајќи истрага само за трагедијата во Кочани – велат од владејачката коалиција „Вреди“, коментирајќи го барањето на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ за формирање посебна парламентарна комисија во Собранието преку која ќе се истражи, според нив, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем во истрагата за трагедијата во Кочани.

Во Република Северна Македонија, Премиерот целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството.

Повеќе од
оваа категорија

11 (44) ■ спорт > фудбал ■ 26-Mar 02:03 -> 28-Mar 22:50
.
.
.
.

Ѓоковиќ и Димитров ќе испишат историја чим стапнат на теренот во Мајами!

  • Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

  • Ѓоковиќ почна лошо и се искара со судијата, па го збриша Мусети!

  • Ѓоковиќ го победи Музети и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, совладувајќи го Себастијан Корда со 6-3 и 7-6, со што дојде на само два чекори од својот јубилеен стоти АТП трофеј.

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди.

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами со победата од 2-0 (6-2, 6-2) во сетови против Лоренцо Мусети.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, откако рано утринава го совлада Италијанецот Лоренцо Муци со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2 и го продолжи патот до седмата титула во Мајами.

Повеќе од
оваа категорија

180 (5) ■ бизнис > финансии ■ 27-Mar 14:26 -> 28-Mar 14:56
.
.

БАНКИТЕ РАСПОЛАГААТ СО 13,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Околу 10 милијарди евра се депозити на граѓаните и на компаниите

  • Глобална недела на парите 2025 година: „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“

Вкупно 13,381 милијрди евра тешеле на крајот на 2024 година 13-те банки кои работт во земјава, покажуваат податоците на Пет од нив се рангирани во големи банки со актива повисока од 903,3 милиони евра,,3 се средни кои имаат актива која се движи од 224,4 милиони евра до 903,3 милиони евра, 5 се мали банки со актива пониска од 224,4 милиони евра.

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, наредната недела, тринаесетта година по ред, ќе ја одбележат Глобалната недела на парите.

272 (4) ■ бизнис > економија ■ 26-Mar 13:43 -> 26-Mar 14:36
.
.
.
.

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

  • ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави портпарол на ЕК. - Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА - информира портпаролот.

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК. – Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА – информира портпаролот.