“Социјалните работници секојдневно се соочуваат со закани, вербални и физички напади додека ја вршат својата должност за заштита на најранливите категории граѓани.” Павлинка Волканоска, социјален работник од Неготино, изјави: “Недостатокот на безбедносни мерки во институциите каде што работиме сериозно го загрозува не само нашето физичко и ментално здравје, туку и квалитетот на услугите што ги обезбедуваме.” Ѓурѓица Новеска, социјален работник од Тетово, истакна дека врз службеник кој решава чувствителни прашања, никој не треба да врши притисок врз здравјето и работата. Biznisvesti