Во соопштението од МВР се наведува дека за овие лица се обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата. Netpress