Поднесена е кривична пријава во текот на вчерашниот ден против А.Б. и А.Р., на возраст од 31 и 25 години, двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б. и Р.Р., на возраст од 27 и 20 години, исто така скопјани, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. Kanal5
Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор Идризово, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони.
Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Lokalno
Четворица мажи од Скопје, од кои двајца издржувале затворска казна, а двајца се нивни блиски роднини, се обвинети за изнуда и лихварство по драматична полициска акција во Струмица.
Како што соопшти СВР Струмица, поднесена е кривична пријава против А.Б. (31) и А.Р. (25), двајцата затвореници во Идризово, како и против нивните браќа Е.Б. (27) и Р.Р. (20), кои биле уапсени на лице место при примопредавање на пари. Plusinfo