Денеска во 09 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 53-годишниот Е.Х. од село Батинци затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.
📷 ЕДЕН КУП ПИШТОЛИ И КУРШУМИ ПРОНАЈДЕНИ ВО БАТИНЦИ Приведено е едно лице Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, но случајот предизвика внимание во локалната заедница, особено поради количината на муниција пронајдена при претресот.