Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
10
12.15
18.38
1.92/0.59
10.00
3.61
0.36
791.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 10
22 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 147.7
Best clustering variants
22 0.99/0.01 2 147.7
05:20 h 30-May-2025
  • Вчера во дигиталната судница на затворот Идризово започна судскиот процес за случајот „Адитив“, кој се однесува на перење пари и злоупотреба при јавни тендери за набавка на додатоци за јаглен за потребите на државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
  • ◉ Кој се е обвинет во „Адитив“
12:01 h 29-May-2025
  • Сите обвинети за случајот „Адитив“ на денешното судење изјавија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината.
  • НАБАВЕНИОТ АДИТИВ БИЛ ШТЕТЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО Почна судењето за грабежот во термоцентралите, 30 обвинети се изјаснија за невини
11:22 h
  • На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината.
  • Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
Kurir

Согласно закон, кога некој од обвинетите е недостапен за органите на прогонот а постојат особено важни причини да се суди во отсуство, а тие во овој случај се големиот број на обвинети лица против кои е определена најстрогата мерка за обезбедување присуство, а секако, имајќи предвид дека обвинителството располага со доволно материјални и вербални докази за докажување на вината, и секако, како не би се одолговлекувала постапката токму поради отсуство на овој обвинет, ние предложивме да се суди во отсуство, појасни Поп Трајкова.

Дополни дека против овој обвинет, и во оваа постапка, и во уште една постапка што се води во ОЈОГОКК, се распишани и национални и меѓународни потерници и по пронаоѓање на истиот, како што рече „се надеваме дека од страна на органите на МВР во соработка со своите странски партнери за истиот ќе биде побарана екстрадиција“. Kurir

Kurir

Ќе докажеме дека во секој еден дел од обвинението дека обвинетите се организирале во злосторничко здружување со цел вршење на кривичните дела кои се однесуваат на перење пари и други приноси од казниво дело.

Обвинителството располага со голем број на материјални и вербални докази кои што ќе бидат изведени во текот на оваа постапка и Обвинителството е убедено дека ќе го докажеме секој еден сегмент кој стои на товар на обвинетите и се надеваме дека по изведување на приложените докази судот ќе донесе не само осудителна пресуда, туку и пресуда со која ќе се изврши конфискација на имотот за кој обвинителството уште пред донесување на наредбата за истражна постапка побара замрзнување на овие имоти како не би можеле обвинетите да располагаат со истите, а во исто време како државата би била намирена за своето оштетно побарување кое се движи во стотици милиони денари штета, рече таа. Kurir