ДСЗИ ќе врши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатото тригодишно дете од Кавадарци 360степени | 4 јуни, 2025 19:35.
Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце, реагираа попладнево родителите на детето од Кавадарци, кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники.
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, потврди дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денес е побарано да изврши вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци и Детската клиника во Скопјe, во врска со смртта на тригодишно дете од Кавадарци.„Да, утре дефинитивно ќе организираме инспекција“, одговорија попладнево за МИА од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во врска со смртта на тригодишно дете од Кавадарци, чии родители изјавија за Македонската новинска агенција дека бараат истрага за евентуално постоење на медицинска грешка.
„НИ УМРЕ ВО РАЦЕ, НЕ НЀ СФАТИЈА СЕРИОЗНО“ Родителите на починатото дете од Кавадарци бараат одговорност Според сведоштво на таткото, во понеделникот рано наутро, околу 2:40 часот, сопругата го разбудила со зборовите дека нивниот син не се чувствува добро.