Огнот го зафатил товарното моторно возило додека се движело на автопатот од Скопје кон Тетово во близина на Групчин.
Во 20.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје во близина на Добарски мост било опожарено товарно возило „рено” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.М (32) кој со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово, информира Томислав Наумовски, портпарол на СВР Тетово. Kurir
Попладнево на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Групчин, избувнал пожар во товарно моторно возило „Рено“ со гостиварски регистарски таблички. Fokus
По пожар кој избувнал во камион на автопатот Скопје-Тетово вечерва, 32-годишниот возач со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница. Mms