Нема доказ за имотна корист кој би ја прибавил Видевски за грабнувањата.
Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.
Одбраната на Влатко Кешишев бара ослободување од обвинението за убиствоНа денешното рочиште за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, адвокатот Игор Ефремов, бранител на обвинетиот Влатко Кешишев, побара ослободителна пресуда за својот клиент во делот од обвинението што го товари за соизвршителство.