Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6 тона и еден Пинцгауер од 1,5 тона на ДЗС, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, откако во јавноста беа поставени прашања дали истите се ставени во употреба за гасење на актуелните пожари.
Пожарот кај фабриката Самоков втор ден е активен, но според информациите што попладнево ги сподели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, нема опасност по фабриката.
Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови изби веднаш покрај патот, од Скопје кон Блаце.