Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
20.56
18.84
1.29/0.74
7.00
2.75
0.39
923.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
12 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 387.2
Best clustering variants
12 0.99/0.01 2 387.2
10:59 h 05-Jul-2025
  • Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот, реагираа од Коалиција Маргини, кои ја осудуваат изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат.
  • ◉ Маргини: Масовната миграција е резултат на економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс
07:45 h
  • Реакција на Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.
  • Коалиција Маргини: Репродукција или казна - Како власта ни ја дисциплинира иднината
Radiomof

За да го наметне падот на наталитетот како најголема закана, Мицкоски ја користи демографијата како алатка за дефокус и релативизирање на дневните трагедии, додека жртвите, болката и гневот што го одбележуваат нашето секојдневие ги сведува на „драматични вести“ што го вознемируваат неговото премиерско спокојство!

Во земја каде што една третина од жените се невработени, каде жени умираат при породување и нивните органи се крадат, каде самохраните мајки се оставени без поддршка, каде ЛГБТИ луѓето, како и сите што живеат надвор од хетеронормативниот модел, немаат ниту елементарно признание и правна можност за градење заедници, каде што сиромаштијата е структурна состојба, а пристапот до труд селективен, исклучувачки и непредвидлив – да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот. Radiomof

Puls24

Во оваа примарно фашистичка, и подоцна општо авторитарна политика, жената не постои надвор од улогата на мајка, а детето не постои ако е родено „надвор од бракот“..Кога дури и официјалните податоци покажуваат дека масовната миграција е резултат на долгорочна економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс – состојби што актуелната власт не само што не ги решила, туку активно ги одржува – премиерот бесрамно тврди дека ќе „живееме со повеќе срце“ ако се мажиме, раѓаме и се враќаме дома.

Во држава каде што срцевите заболувања се водечка причина за смрт, каде што загадениот воздух го прави секое вдишување ризик, каде што здравствениот систем е нефункционален, а телото се третира како трошок – апелот на Мицкоски не звучи како повик на живот, туку како замаглување на неправдата што го одбива истиот тој живот. Puls24