Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика.
„Се извинувам ако некој погрешно ме сфатил, нема никакви даноци“, рече Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за најавеното воведување даноци за самци, што во изминативе денови ја разбранува јавноста во земјава.
Самците можат да здивнат, никој нема да ги удри по џебот.
Мала поддршка и големи критики доживеа најавата на премиерот Мицкоски со која тој ја фрли ракавицата во насока како да се зголеми наталитетот и да се застане на патот на демографската рецесија , соопштувајќи дека се размислува да се воведат даноци за немажени и за неженети лица.