За одржаните парламентарни избори 2024 година, учесниците во изборната кампања ПП Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Македонска Ера трета, до ДЗР немаат доставено вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, со што извршија ограничување во опфатот на ревизијата – се вели во соопштението.
ДЗР повторно укажува на потребата од доуредување на Изборниот законик пред сè во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија обезбедени од Буџетот на државата, како и крајниот рок за уплата на донации, како и за пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на државата, наменети за платено политичко рекламирање. Plusinfo
Најголемо учество во вкупните расходи 63,3 проценти имаат расходите за платено полотички рекламирање, по што следат расходите исплатени од трансакциските сметки за набавка на стоки и услуги 36,3 проценти.
Исплатените средства од трансакциските сметки „за изборна кампања“ во вкупен износ од 140.261 илјада денари се однесуваат на плаќања за: набавка на материјали, други материјални расходи, комунални услуги, превозни-транспортни услуги, реклама и пропаганда, репрезентација, интелектуални услуги, сметководствени услуги, одржување на предизборни собири, изнајмување на простор за време на ИК, провизии за платен промет и надоместоци за банкарски услуги и други расходи. Alfa
Исто така и за начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица„ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии, за условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во Државната изборна комисија, како и за пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали). Препорачува да се определи надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали), да се воспоставуви интероперабилен систем/софтверско решение за размена и контрола на податоци за активност на банерите кој ќе има техничка можност за собирање на метрички и статистички податоци, да се предвиди глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа и да се обебзеди едукација на учесниците во изборната кампања за начинот на подготовка на вкупниот финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања.
Покрај поединечни конечните ревизорски извештаи за 17-те учесници на парламентарните избори 2024 година, ДЗР објави и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со парламентарните избори 2024 година и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година, а сите документи се достапни на линковите: Политички партии - Изборна кампања за парламентарни избори 2024 | Државен Завод за Ревизија Microsoft Word - 1_ Zbiren izvestaj Parlamentarni izbori 2024 70 ?@0\0Z5 ?> !" Microsoft Word - 18@5= 8725HB0X_˘ˆ_˜@5BA540B5;A:8 !". Ревизорите утврдиле дека вкупните приходи и расходи на сите седум учесници во изборната кампања за Претседателските избори се во износ од 461.470 илјади денари, а 77 проценти од нив или 354.257 илјади денари, се обезбедени од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање и се исплатени преку Државната изборна комисија директно на медиумите. Sitel