Facebook / Дебарско-кичевска епархија Охрид Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Kurir
Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска ќе одржи седница за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Press24
Во црковните редови има 12 владици, кои управуваат со епархии, така што за избор на идниот митрополит ќе бидат доволни седум гласови.
Ако соодносот на гласовите е 50-50, пресудува гласот на архиепископот. Plusinfo
Денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен.
Биографија на новоизбраниот Митрополит Георгиј (Ѓорѓевски) Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) – новоизбран митрополит Дебарско-кичевски, е роден на 24 јули 1968 година во Скопје, како второ дете во благочестивото семејство на Душан и Даница. Sitel