Десет нови средни училишта ќе имаат можност да имплементираат програма за унапредување на капацитетите за грижа на менталното здравје на нивните ученици, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“ што ја спроведува граѓанската организација Младите можат. Republika
Рокот за пријавување истекува на 20 јуни, а предност ќе имаат училиштата кои први ќе аплицираат на оваа форма за аплицирање и ќе ги исполнат условите на повикот.
На крајот од учебната година, училиштата кои успешно ќе го спроведат процесот ќе добијат признание – амблем за училишта што се грижат за менталното здравје на своите ученици. 24info
Активноста се спроведува втора година по ред, откако во тековната учебна година програмата успешно се реализираше во 11 средни училишта од повеќе градови во Македонија.
Таа опфати обука на 165 врснички едукатори и 265 професори и стручни соработници, што придонесе за подобрување на училишната клима за поддршка на благосостојбата на учениците. Mk