Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски го охрабри Јавното обвинителство да отвори постапка за сите предмети за кои што цени дека има незаконитости и ја охрабри опозицијата да отвора теми кои што се од интерес на јавноста, но и да работат во интерес на граѓаните, а не по било која цена да ја оцрнуваат работата на МВР.
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ: Системска корупција ја јаде земјата.
По обвинувањата изнесени во јавноста во врска со тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук упати јавна реакција, во која истакна дека постапката била спроведена транспарентно, согласно сите законски одредби, со јасна цел – обезбедување на квалитетна опрема по најповолни услови и заштита на буџетските средства, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагира на обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, велејќи дека постапката била предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не биле најдени никакви неправилности.